Бектеши: Арачиново нема заштеда на струја, потрошиле 474 отсто повеќе од лани

Макфакс

22/11/2022

12:51

3.316

Големина на фонт

а а а

Од 81 општина во земјава, 65 општини во октомври постигнале заштеда од најмалку 15 отсто, од кои 12 општини постигнале заштеда поголема од 50%.

Шеснаесет општини не успеале да заштедат повеќе од 15%, а од овие општини, само три имале поголема потрошувачка споредено со октомври 2021 година, Арачиново со неверојатно зголемување од 474%, Студеничани со 11% и Лозово со 12 отсто.

Министерот за економија, Крешник Бектеши ги објави податоците од Електродистрибуција за заштедите на државните институции, односно административните згради кои имаат задолженија да штедат од 1 септември 2022 до 15 април 2023 година.


„Владата, министерствата, собранието, претседателот, ЕСМ, Мепсо, имаат намалена потрошувачка во проек од 29 отсто, што е повеќе со вкупната заштеда од 20% остварена во септември. Задоволство ми е да кажам дека сите институции во октомври имаат намалена потрошувачка. Најмала заштеда има кај здравство од 18%, а кај МОН има заштеда од 58%. Заштедата кај Владата е 32%, кај Собранието е 22%, кај Претседателот е 24%, кај ЕСМ е 25%, а кај Мепсо е 22%. Ако се земат податоците на сите државни претпријатија, агенција и управи, вкупната заштеда е 24%“, истакна Бектеши.

Согласно податоците само на министерствата со сите нивни единици на локално ниво, заштедата е околу 33%. Министерството за животна средина заштедило 94%, а МОН заштедило 24%. Министерствата за внатрешни работи и за економија заштедиле 30%.

Споредбено со октомври 2021, јавните претпријатија со сите подрачни единици заштедиле 17%.

„Во услови на тешка состојба на глобалниот пазар за штедење на сите органи. Овие податоци покажауваат дека доколку сме сите рационални може да се направат големи заштеди. Со рационално трошење ќе се овозможат и поевтини сметки за граѓаните и за компаниите“, порача Бектеши.



Спонзорирани линкови

Маркетинг