„Секогаш ќе бидам со народот на Иран“: Уапсени две големи актерки поради поддршката на протестите во земјата

Точка

21/11/2022

15:02

2.397

Големина на фонт

а а а

Две истакнати ирански актерки, Хенгамех Газиани и Катајун Риахи се уапсени поради јавна поддршка на протестите во таа земја, јавуваат иранските државни медиуми.

Газиани и Риахи се уапсени за делување против иранските власти, а двете жени претходно во јавноста се појавиле во знак на солидарност со демонстрантите, јавува новинската агенција „Irna“.

Двете актерки се приведени во неделата по налог на иранското обвинителство, а пред апсењето Газиани преку социјалните мрежи порачала дека „што и да се случи, таа секогаш ќе биде покрај народот на Иран“ и додала дека тоа можеби е нејзиното последно обраќање.

Актерките се меѓу бројните истакнати ирански јавни личности кои изразиле поддршка на протестите кои траат уште од септември ширум Иран, кога 22-годишната Махса Амини починала во притвор на „моралната полиција“ поради кршење на строгите прописи за носење на марама во јавноста.