Луѓето од нашите простори се познати по тоа што во речиси секое јадење секогаш мораат да додадат нешто луто. Веројатно вака се роди популарната урнебес салата, без која празничните трпези се незамисливи.
Салатата урнебес одлично оди со печење, лепчиња, скара, иако нема да погрешите со секое јадење со кое ќе ја комбинирате.
Состојки:
- 500 гр. полномасно тврдо сирење;
- ½ шолја масло;
- 2 лажички црвен пипер;
- 1 лажица мелена лута пиперка;
- 4 чешниња лук.
Подготовка:
Ставете го сирењето во сад, па изгмечете го со вилушка. Лукот исечкајте го ситно и додадете го во сирењето.
Додадете го маслото, црвениот пипер и лутата пиперка и сето тоа добро измешајте го.
Урнебес салатата ставете ја во фрижидер да отстои еден час. Потоа можете да уживате во неодоливиот вкус.
На здравје!