Роналдо ги шокираше фановите: Ако се случи тоа, одам во пензија 100 проценти

Точка

18/11/2022

20:43

7.260

Големина на фонт

а а а

Морган го праша какви се шансите за Португалија, на што Роналдо му одговорил дека не се меѓу фаворитите на турнирот, и дека според него Франција има најголеми шанси за освојување на Мундијалот.

Многу бура предизвика интервјуто кое го даде Кристијано Роналдо за познатиот новинар Пирс Морган.

Освен што Роналдо изнесе многу критики за раководството на Манчестер Јунајтед, поради што веројатно заврши со клубот од Олд Трафорд, Португалецот откри дека по Мундијалот во Катар би можел да се пензионира.


Меѓутоа, за тоа е потребно Португалија да го освои Светското првенство, единствениот трофеј кој му недостасува на одличниот Португалец во неговата кариера, во која освои голем број на титули.

Морган го праша какви се шансите на Португалија, на што Роналдо му одговорил дека не се меѓу фаворитите на турнирот, и дека според неговото мислење Франција има најголеми шанси за освојување на Мундијалот. Новинарот го запраша и дали би се пензионирал доколку Португалија го освои Светското првенство, на што тој одговори:

„Да. Пензија, 100 проценти“.

Потсетуваме, Португалија е сместена во групата Х со селекциите на Уругвај, Гана и Јужна Кореја.