Поради фустанот со длабоко деколте на Џорџина, дел од јавноста коментира: „Чист невкус...“

Точка

18/11/2022

16:00

10.247

Големина на фонт

а а а

Џорџина Родригез за само два дена успеала да остави голем впечаток со својата импресивна појава.

И двете модни изданија била свечени и елегантни, а вереницата на фудбалерот Кристијано Роналдо успеала да ги истакне сите свои атрибути.

За појавувањето на гала вечерта на која традиционално се доделува наградата на највлијателните луѓе со латино потекло во Лас Вегас таа избрала да носи светкав, светлосин фустан. Креацијата ја красел корсет којшто го стегнал струкот на Џорџина и го истакнал огромното деколте.

За присуството на „Annual Latin Grammy“ наградите, Џорџина избрала да носи исто така светкав фустан којшто ја следел линијата на нејзиното тело, со длабок прорез којшто ги нагласил нејзините затегнати нозе.

Без оглед на сиот труд којшто го вложила во овие модни комбинации, многумина коментирале дека Џорџина ги зголемила градите, но исто така и дека таа големина некако не ѝ прилега.

Доколку треба да судиме по коментарите, Џорџина можеби овојпат претерала иако сè уште не е познато дали градите се ефектно истакнати поради корсетот на фустанот.

Ова се само дел од коментарите на јавноста: „Како балони, ужасни импланти“, „Таа е убава, но градите ѝ се до вратот...“, „Мене ова ми делува навистина ужасно“, „Ги изгубила рамената, што е со градите?“, „Изгледа непримерно“, „Чист невкус“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг