Промени и во Шпанија: Гаја отпадна за мундијалот во Катар, ќе го менува играч на Барселона

Дерби

18/11/2022

14:35

2.859

Големина на фонт

а а а

Капитенот на Валенсија, Хосе Гаја нема да биде дел од шпанската репрезентација на престојното Светско првенство.

Левиот бек се повреди, а со оглед на тоа што истата не е полесен карактер и ќе мора да паузира, селекторот Луис Енрике беше принуден да направи промена. Иако официјална потврда нема, медиумите на Пиринеите известуваат дека замена за Гаја ќе биде младиот фудбалер на Барселона, Алехандро Балде.

Балде експлодираше во оваа сезона и го истасна дури Жорди Алба од првата постава на каталонците.

Ова значи дека левата бековска во шпанската селекција ќе биде покриена од играчи на Барселона затоа што Алба веќе беше повика од популарниот Лучо.

„Црвената фурија“ е во групата Е заедно со Гермнија, Костарика и Јапонија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг