Покетино: На Меси му е потребна светска титула за да се израмни со Пеле и Марадона

Дерби

18/11/2022

12:14

2.060

Големина на фонт

а а а

Во недела официјално започнува 22. Светско првенство на кое има неколку фаворити на хартија, група во која е и селекцијата на Аргентина.

„Гаучосите“ се во одлична серија на резултати, доаѓаат во Катар како шампиони на Јужна Америка, па предводени од Лионел Меси се надеваат на огромен успех и трета светска титула. Ова воедно за Меси ќе биде последен мундијал, па со триумф на истиот ќе го потврди своето место меѓу великаните Диего Армандо Марадона и Пеле.

- Да, тоа е важно, бидејќи Светското првенство е поинакво. Како Марадона или Пеле треба да потврдиш со трофејот што е максимален израз на фудбалот. Кога ќе го подигнете трофејот, тоа е како „во ред, тој е најдобар на светот“. Тоа е единственото нешто што му недостига на Меси, да го крене Светското првенство, а се надевам во Катар дека тоа ќе се случи. Затоа што јас сум Аргентинец и секако мојата желба е Аргентина да го освои Светското првенство. И да потврдиме дека Меси е еден од најдобрите, на истото место како Марадона и Пеле, - вели Маурисио Покетино кој за споредбите со Марадона директно одговори:

- Марадона би можел да игра денес, а Меси би можел да игра и во минатото. Како Пеле или [Алфредо] Ди Стефано или [Јохан] Кројф, овие типови на играчи, тие ќе се прилагодат, бидејќи се толку многу паметни. Тие можат да се прилагодат на секој поединечен временски период, - заклучи стратегот кој во моментов нема ангажман.



Спонзорирани линкови

Маркетинг