Оригинален рецепт за песто сос за околу 150 денари – се прави за 5 минути, а тестенините со него се вистинска магија

Точка

14/11/2022

16:33

13.385

Големина на фонт

а а а

Тестенините тешко можеме да си ги замислиме без вкусниот песто сос, а ние овојпат ќе ви го претставиме рецептот за оригинален домашен песто сос во којшто ќе ужива цело ваше семејство.

Кога подготвуваме тестенини еден од сосовите кои најчесто ги користиме е песто сосот. Во продавниците во последно време неговата цена е зголемена речиси двојно, а многу е едноставно и сами да си го направите дома.

Освен што е речиси тројно поевтин домашниот песто сос има и многу други предности. Тој е повкусен, поздрав, има поубава боја и може да го приспособите по ваш вкус.

Состојки:

- Босилек;

- Пармезан;

- Сончоглед;

- Лук;

- Маслиново масло.


Подготовка:

Босилекот измијте го, па подгответе го вашиот миксер. Сите состојки ставете ги во сад во којшто ќе го правите песто сосот. Потоа само вклучете го миксерот и за неколку минути ќе го добиете највкусниот песто сос којшто некогаш сте го пробале.

Пријатно јадење!