Нѝ доаѓаат студени денови кои со себе носат ниски температури, а тие, меѓу другото, влијаат на квалитетот на косата.
Доколку вашата коса е веќе оштетена, оваа природна маска ќе ви помогне да го вратите здравиот и негуван изглед, а воедно ќе ја зајакне за зимските денови кога на косата ѝ е потребна дополнителна нега.
Оваа маска е погодна за сите типови коса, а помага и во намалување на нејзиното опаѓање и го стимулира нејзиниот раст.
Основната состојка е квасецот кој содржи голема количина минерали и витамини од групата Б кои се многу важни за здравиот изглед на косата. Важно е оваа маска да ја применувате два пати неделно, а за да добиете максимални резултати, постапката се повторува во период од 2 месеци, без прекин.
Потребни состојки:
- 3-4 лажици топло млеко
- 1 лажичка мед
- 7 гр. сув квасец или 20 гр. свеж квасец
Начин на подготовка:
Во 3-4 лажици млеко растопете 1 лажичка мед и додајте 20 гр. свеж квасец (доколку имате долга коса, користете двојна количина).
Оставете го квасецот на топло место да ферментира, 15 до 20 минути, а потоа нанесете ја маската на измиена, влажна коса. Ставете капа за туширање и замотајте ја косата со пешкир и оставете да делува 1 до 2 часа. На крајот, измијте ја косата со топла вода.
Квасецот изобилува со витамини, протеини и минерали кои се неопходни за раст на косата, а хранливите материи се впиваат во фоликулите и го зајакнуваат оштетеното влакно.