Северна Кореја пукаше со топови во морето, Јужна Кореја им се закани

Макфакс

04/11/2022

09:37

2.310

Големина на фонт

а а а

Северна Кореја истрела околу 80 артилериски проектили во нејзината поморска гранична зона во текот на ноќта, соопшти Јужна Кореја, додека министрите за одбрана на Јужна Кореја и САД ветија дека ќе покажат одлучност пред ракетните тестови на Северот.

Северна Кореја истрела повеќе проектили во морето во четвртокот, вклучително и можна неуспешна интерконтинентална балистичка ракета (ICBM), што ги натера САД и Јужна Кореја да ги продолжат воздушните вежби што го налути Пјонгјанг.

Војската на Јужна Кореја во четвртокот непосредно пред полноќ соопшти дека снимила повеќе од 80 артилериски гранати истрелани во морето од Северна Кореја, што според неа е кршење на меѓукорејскиот договор од 2018 година. Јужна Кореја издаде предупредување до Пјонгјанг поради ракетите , се вели во соопштението на Јужна Кореја.

На состанокот во Вашингтон, американскиот секретар за одбрана Лојд Остин и јужнокорејскиот министер за одбрана Ли Јонг-суп ветија дека ќе бараат нови мерки за да ја покажат „решителноста и способноста“ на алијансата по повторените севернокорејски провокации, се вели во заедничката изјава.

Тензиите се зголемуваат на Корејскиот полуостров бидејќи Пјонгјанг изврши рекорден број лансирања на проектили оваа година, вклучувајќи најмалку 23 само во средата и лансирање интерконтинентална балистичка ракета во четвртокот.

Висок претставник на американската администрација изјави во четвртокот дека не е јасно кога Северна Кореја би можела да изврши тестирање на нуклеарно оружје, иако Вашингтон од мај соопшти дека Северна Кореја се подготвува да продолжи со нуклеарно тестирање за прв пат од 2017 година.

Соединетите држави веруваат дека Кина и Русија имаат доволно моќ да ја одвратат Северна Кореја од тестирање нуклеарна бомба, изјави официјален претставник за Ројтерс.