САД: Северна Кореја испраќа гранати во Русија

Макфакс

03/11/2022

10:19

1.722

Големина на фонт

а а а

Белата куќа ја обвини Северна Кореја дека и’ доставила значителен број артилериски гранати на Русија за да ја поддржи нејзината инвазија на Украина.

Портпаролот на Советот за национална безбедност, Џон Кирби, рече дека САД веруваат оти Северна Кореја се обидува да изгледа како оружјето да е испратено во земјите на Блискиот Исток или Северна Африка.

Тој не даде конкретна проценка за количеството муниција што Северна Кореја наводно ја испраќа во Русија.

Кирби тврди дека Северна Кореја тајно и’ доставува муниција на Русија, но дека Соединетите Држави „сè уште ја следат за да утврдат дали пратките навистина се примени“.

Тој инсистираше на тоа дека таквите пратки нема да го променат текот на војната, нагласувајќи ги напорите на Западот за снабдување на украинската армија.

Белата куќа не го прецизираше начинот на транспортирање на севернокорејските гранати во Русија, ниту дали западните земји ќе се обидат да ги пресретнат тие пратки.