На снимките од безбедносните камери е видливо дека чуварот десет минути по бегството го вклучил алармот.
Од зоолошката градина во австралискиот град Сиднеј побегнале пет лавови, од кои еден возрасен, пренесува „AA“.
Четири младенчиња и возрасен лав побегнале од кафез во зоолошката градина Таронга и преминале на подрачјето оддалечено 100 метри од зоната во која престојуваат посетители, јавува „BBC“.
Службениците истакнале дека зоолошката градина била накратко затворена, а откако се смирило едно од младенчињата, сите пет лавови повторно биле фатени. Во соопштението е наведено дека никој не е повреден, а не е прецизирано како лавовите побегнале.
Управникот на зоолошката градина Сајмон Дафи смета дека е потребно да се истражи како дошло до бегство.
На снимките од безбедносните камери е видливо дека чуварот десет минути по бегството го вклучил алармот. Лавовите биле фатени пред да го напуштат помалото подрачје, а главниот дел од зоолошката бил затворен во текот на инцидентот.
Делот во кој се наоѓаат лавовите од безбедносни причини ќе биде затворен до наредната проверка.
#BREAKING: A police operation is right now underway at Taronga Zoo in Sydney after reports that four lions escaped their enclosure. #9Today | WATCH LIVE 5.30am pic.twitter.com/mve9iD3HIv
— The Today Show (@TheTodayShow) November 1, 2022