Путин: Тоа не е сè што можевме да направиме

Макфакс

01/11/2022

08:17

5.577

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател, Владимир Путин рече дека нападите биле делумно одговор на нападот врз Црноморската флота во Севастопол во саботата.

„Делумно да“ – одговори Путин на прашањето дали вчерашните масовни напади врз енергетските капацитети во Украина може да се сметаат за одговор на неодамнешните настани во Севастопол.

„Но, тоа не е се што можевме да направиме“ – рече Путин, пренесува „Интерфакс“.

Според него, нападот врз бродовите на Црноморската флота на Русија создал закана за воените и цивилните бродови, кои учествуваат во договорот за извоз на жито, бидејќи, според него, беспилотните летала, подводни и воздушни, кои биле нападнати, делумно го користеше коридорот преку кој се извезува жито од Украина.