(Фото/Видео) Македонецот Мартин Саздов стана светски првак во Дота 2, заедно со тимот освои 8,5 милиони долари

Точка

31/10/2022

10:27

13.929

Големина на фонт

а а а

27-годишниот Мартин Саздов - Сакса од Свети Николе е еден од најпознатите македонски е-спорт играчи, а неодамна заедно со неговиот тим „Tundra Esports“ успеа да го освои трофејот на Светското првенство во Дота 2.

Светското првенство се одржа во Сингапур, а тимот ја освои титулата, победувајќи го „Team Secret“ со резултат 3-0 во финалето кое се одржа вчера, на 30-ти октомври.

Светското првенство во Дота 2, познато и како „The International“ има неверојатен фонд за награди, а оваа година истиот изнесуваше речиси 19 милиони долари. Светскиот првак, во овој случај „Tundra Esports“ добива 8,5 милиони долари, а според проценките, Мартин од овој турнир заработил 1.765.000 долари, што е негова најголема заработка од 2015 година.

Ова е најголем успех за најдобриот македонски играч во Дота 2, но и досега најголемото достигнување на било кој македонски е-спортист.