Шекил О’Нил, Чарлс Барки, Кени Смит заедно со водителот Ерни Џонсон го имаат најпопуларното шоу, емисија за НБА лигата на ТНТ, а токму оваа четворка пред светската јавност претстави патики кој Македонецот, Сатја Грабулоски ги изработи за нив.
Имено Сатја е многу познат уметник надвор од нашите граници и заедно со неговата компанија SWithADot има правено специјални, уникатни патики за големи имиња, па сега редот дојде за Шек, Баркли, Кени и Џонсон кои добија обувки за кои беа потрошени 155 часа.
На истите ги има лицата на оваа голема четворка со тоа што за секој е избран посебен момент.





