Анализа на „Пари“: Ретко се раѓа второ дете, населението се топи – катастрофална демографска статистика

Точка

25/10/2022

16:42

73.141

Големина на фонт

а а а

Во 2000 година во Македонија се родиле 26.168 деца. Истата година починале 17.085 луѓе, што значи дека во таа година природниот прираст бил 9.083.

Поразителен демографски податок е тоа што се случило со природниот прираст во наредните две децении, анализира „Пари”. Бројот на умрените постојано растел, а бројот на родените се намалувал. Кулминација се случила со 2020 година како пандемиска, кога се регистрирани дури 25.755 умрени, а истата година се родиле 19.031 деца, со што е остварен негативен природен прираст, односно бројот на умрените е поголем од бројот на родените за 6.724! Но, дури и да ја изземеме оваа пандемиска година, се соочуваме со лош демографски тренд. Имено, негативниот природен прираст за првпат е забележан во 2019 година кога се родиле 19.845 деца, а починале 20.446 македонски жители, односно природниот прираст бил во негатива за 601 жител.

Како се движел природниот прираст низ годините?

Што значат овие бројки?

Кога се намалува бројот на родени деца, постепено се намалува најважниот потенцијал во едно општество и во една економија – човечкиот потенцијал. Истовремено, природата го прави своето со старото население и, колку и да звучи сурово, со тоа се намалува притисокот врз пензискиот фонд. Со намалениот број на новородени, се намалува и работната сила која треба да е носител и на тековната економска активност во една земја, но и алиментирањето на даночниот систем, па со тоа и на пензискиот фонд. Згора на тоа, состојбата станува уште покомпликувана со иселувањето на младите луѓе.

Статистичките податоци покажуваат дека стапката на фертилитет во 2020 година била 1,31 живородени деца на една жена. Значи, веќе ретко кој се одлучува на второ дете, со што постои голема веројатност дека негативниот демографски тренд ќе продолжи и во иднина, особено ако се земе предвид фактот дека бракот се склучува во повозрасните години. Истовремено, ДЗС регистрира и значително намалување на стапката на склучување на брак. Така, ако во 2008 година сме имале склучено 7,2 брака на 1.000 жители, во 2020 година имало 5 склучени брака на 1.000 жители.

Остатокот од текстот можете да го прочитате ТУКА.



Спонзорирани линкови

Маркетинг