Најтешки денови за „генерал Армагедон“: Има три опции, една е нуклеарен удар

Точка

21/10/2022

21:38

77.738

Големина на фонт

а а а

Откако и самиот, во првото обраќање преку медиумите, признал дека ситуацијата за руската војска во Украина е тешка, рускиот генерал Суровкин пред себе има три опции.

Новиот командант на руските вооружени сили во Украина Сергеј Суровкин во неодамна даденото интервју изјавил дека „најтешките одлуки не може да се исклучат“, зборувајќи за ситуацијата во Херсон, каде Русите преку локалните власти најавиле евакуација на населението од десниот брег на Днепар.

Ситуацијата во регионот е тешка, а снабдувањето преку дњепарските мостови е сопрено поради украинските ракетни напади, признал Суровкин.


Ден по оваа изјава, рускиот лидер Владимир Путин прогласил „воена состојба“ во окупираните региони, што, меѓу другото, овозможува принудно иселување на локалното население. Сега се отвора најважното прашање во овој момент во војната во Украина, а тоа е „каква тешка одлука“ може руското заповедништво да донесе со оглед на положбата на нивната војска на тоа подрачје.

Како што пренесува „Jutarnji list“, „генерал Армагедон“ пред себе има три опции.


Првата опција би била повлекување на источниот брег на Днепар. Од воена гледна точка, тоа би била најлогичната одлика со оглед на тоа дека не е можно да се промени односот на силите на десниот брег на Днепар. Руската групација нема да може да напредува кон Николајев во Одеса во догледно време, па поради тоа нема смисла да се остане во полуокружение, а борбено подготвените единици од Херсон би можеле да се користат за одбрана на левиот брег и приодот кон Крим, кои, од воена гледна точка, се многу важни.

Меѓутоа, таквата одлука ја кочи политиката бидејќи Херсон е единствениот регионален центар кој Русите успеале да го освојат од почетокот на инвазијата, а по анексијата на истокот и југот на Украина станал престолнина на еден од новите региони на Руската Федерација. Освен тоа, очигледно е дека, барем до крајот на летото, меѓу главните цели на оваа војна за Кремљ било заземањето на Одеса, што сега е апсолутно нереално. Во овие околности, се укажува на тоа дека токму евакуација, од политичка гледна точка, е таа тешка одлука која ја најавил генералот Суровкин. И тоа најпрво на проруските жители на Херсон, а потоа и на трупите, од десниот брег на исток, смета порталот „Медуза“ во геостратешката анализа.


Второ сценарио е создавање на тврдина Херсон и улични борби. Со одбрана на „херсонската тврдина“ би се решил главниот политички проблем за предавање на регионалната престолнина, а и шефот на тој регион, Володимир Салдо исто така зборувал за тоа дека Херсон треба да стане тврдина. Но таквата одлука е проблематична од воено гледиште бидејќи снабдувањето преку реката под оган на украинската артилерија ќе биде уште потешко, можеби и невозможно. Освен тоа, досега руското заповедништво повеќе евакуирало трупи од подрачја каде не можеле соодветно да се снабдат, наместо војниците да се борат во обиколени тврдини до последен војник.

И конечно, постои и онаа најлошата опција – нуклеарен удар. Тоа е најпрво го најавил Николај Митрохин, антипутиновски историчар кој живее и работи во Германија. Сега тоа не го отфрлаат ни експертите кои ја истражуваат доктрината за употреба на нестратешко нуклеарно оружје од руското заповедништво.


Имено, најголем дел од ослободениот регион Херсон е ретко населено подрачје на кое сега се наоѓаат илјадници припадници на украинскиот воен персонал. Теоретски, токму таквото подрачје би можело да биде одбрано за демонстрациски нуклеарен удар, со цел или да се зголеми ескалацијата до граница која непријателот не може да си ја дозволи, или да се принуди тој непријател да го деескалира судирот под услови прифатливи за Кремљ. Подготовки за таков удар бараат евакуација на населението за да се избегнат колатерални штети.

Но, малку е веројатно дека Суровкин мислел на тоа кога споменал тешка одлука. Нуклеарен удар не ветува никаква воена корист и е многу опасен во политичка смисла, па Западот, наместо деескалација, може да ескалира, на пример, со силни удари од конвенционално оружје на руската војска во Украина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг