Што би се случило ако Путин употреби нуклеарно оружје? Први на мета би можеле да бидат две села кои одамна се „трн во око“

Точка

18/10/2022

21:37

69.099

Големина на фонт

а а а

Како воопшто Западот би возвратил на евентуален руски напад со тактички нуклеарни ракети? Во постоечкиот однос на силите, никој при здрав разум не би можел целосно да ја исклучи можноста од вистинска нуклеарна војна со стратешки интерконтинентални ракети. Проблем е бидејќи не може точно да се каже гледиштето на Русија околу користењето на нуклеарно оружје.

Што ќе се случи ако Владимир Путин во Украина сепак употреби тактичко нуклеарно оружје, дали тоа значи дека на релација Запад-Русија веднаш ќе полетаат стратешки нуклеарни ракети? Тоа се прашања кои го оптоваруваат светот, а бројни аналитичари се обидуваат да дадат одговор на нив, а некои од одговорите се застрашувачки.

Денис Крниќ, поранешен новинар на „Slobodne“ и воен коментатор е темелно упатен во рускиот нуклеарен арсенал и доктрина па потсетува на овие четири услови. Имено, само во тој случај Русија тргнува со активација на нуклеарното вооружување:

1. Ако некој со нуклеарно оружје ја нападне Русија или нејзините сојузници.

2. Ако Русија регистрира лансирање на туѓи нуклеарни ракети кон неа или нејзините сојузници.

3. Ако некој со конвенционално оружје нападне руски и цивилни установи кои управуваат со нуклеарното вооружување.

4. Ако некој со конвенционален напад нанесе уништување со што ќе го загрози опстанокот на руската држава и народ.


Крниќ е уверен дека во првата фаза на нуклеарна војна Русите не би тргнале со еден удар да бришат површински цели, големи градови или пошироки територии. „Нема потреба од нуклеарен холокауст. Тоа стар пристап од времето на Студената војна, со новите технологии тој концепт е надминат“, објаснува тој. Верува дека, наместо европските метрополи, Русите во првата фаза на војната со Западот веројатно прво би ги гаѓале базите со американски противракетен штит во Полска и Романија, селата Редзиково и Девесело.

Објаснува дека тие удари „не би ги виделе бидејќи тие би биле изведени со пенетрациски нуклеарни бомби“ кои продираат длабоко во земјата и уништуваат подземна воена инфраструктура. Потоа можеби би ги гаѓале заповедните центри на НАТО, со нуклеарни бомби со мало полнење.

„Вака, многу прецизно, со тактичко нуклеарно вооружување по цели може да се нанесат сериозни воени удари“, тврди Крниќ.

Но, следи прашањето како Западот би одговорил на тоа. „Треба да се достигнат заповедните места на руските нуклеарни сили во Подмосковлје и лансирните места длабоко во руската територија, што не е едноставно. Ова првото може, на пример, да се изведе со хиперсонични ракети"Dark Eagle“ кои Американците минатата година ги пренеле во Германија“.

Но, тоа што загрижува е дека ваквите воени игри лесно може да излезат од контрола и брзо да ескалираат, посебно ако се земе предвид дека САД всушност немаат тактички нуклеарни ракети. „Има Франција, но нивната доктрина за употреба на нуклеарно оружје предвидува активација само во случај некој директно да ја нападне Франција. Ни Велика Британија нема тактичко нуклеарно вооружување. Имаат стратешко, кое се наоѓа на нивните подморници „Vanguard"“.

Како воопшто Западот би возвратил на евентуален руски напад со тактички нуклеарни ракети? Во постоечкиот однос на силите, никој при здрав разум не би можел целосно да ја исклучи можноста од вистинска нуклеарна војна со стратешки интерконтинентални ракети. Проблем е бидејќи не може точно да се каже гледиштето на Русија околу користењето на нуклеарно оружје.

Според нуклеарната доктрина, Русија употребата на нуклеарно оружје ја смета за последна мерка, но во претходно споменатиот документ со точки кога настапува негово користење, додадени се уште некои во проширената верзија од 2020-та година.


Иако буквално се наведува дека Русија ги вложува сите потребни напори да ја намали нуклеарната закана и да спречи влошување на односите меѓу државите, документот содржи и листа на закани кои би требало да се неутрализираат и во склад со кои се одбира обликот на нуклеарно одвраќање:

1. Распоредување на борбени сили, како и возила за транспорт на нуклеарно оружје, на подрачја кои се граничат со Русија и нејзините сојузници и во поморските подрачја.

2. Распоредување на противракетни одбранбени состави, балистички ракети, проектили со среден или краток домет, високопрецизно ненуклеарно хиперсонично оружје, дронови за напад и оружје со насочена енергија.

3. Распоредување на состави за противракетна одбрана во вселената. Постоењето на нуклеарно или други видови на оружје за масовно уништување кое може да се користи против Руската Федерација и нејзините сојузници, како и механизми за испорака на тоа оружје.

4. Неконтролирано ширење на нуклеарно оружје и средства за негова испорака, технологија и опрема неопходни за негово производство. Распоредување на нуклеарно оружје и средства за негова испорака на територија на ненуклеарни држави.

И како што тврди Крниќ за „Slobodna Dalmacija“ на удар доаѓаат две села во Романија и Полска. Двете за Путин веќе долго време се „трн во око“, и нема двоумење дека рускиот претседател ги смета за закана или можна мета за нуклеарен удар.

Лут е поради проектилите кои се толку блиску до руската граница уште од отворањето на НАТО базите во Полска и Романија. „Поставуваме ли ние проектили во близина на границата на САД? САД се тие кои со своите проектили веќе стојат пред нашите врати“, рекол Путин минатата година на годишната прес-конференција.

Русија веќе долго го смета противракетниот штит на НАТО како опасен американски обид да го намали значењето на главниот гарант за нејзиниот статус на голема сила – големиот нуклеарен арсенал. Можноста дека САД и можеле да ги соборат руските балистички проектили ја поткопува студеновоената доктрина за заемно осигурано уништување, според која ниедна од двете најголеми нуклеарни сили никогаш не би ризикувала нуклеарна војна бидејќи тоа би значело дека двете ќе бидат уништени. Тој договор бил на сила 30 години за потоа, смета Путин, да почне да се создава опасна нерамнотежа.


Во декември 2001-ва година американскиот претседател Џорџ Буш го разбеснил тогаш рускиот лидер со повлекувањето од Договорот за антибалистички проектили од 1972-ра година и наредил Пентагон да изгради состав за одбрана од можни закани од проектили од – Иран. „САД направија што направија – се повлекоа од договорот. Сега лансери за антибалистички проектили се распоредени во Романија и се поставуваат во Полска“, рекол Путин, а тоа веќе може да се сфати како една од заканите кои се споменуваат во руската нуклеарна доктрина.

Вашингтон ја уверувал Москва дека неговите две локации за ракетна одбрана во источна Европа воопшто немаат офанзивни способности кои би можеле да се насочат против руски цели. Пресретнувачите наводно не можат да погодат објекти на земја, туку само во воздух.

Но, некои независни експерти веруваат дека лансерите „MK 41“ инсталирани во Полска и Романија можат да лансираат не само одбранбени пресретнувачи, туку и офанзивни проектили. Мат Корда, аналитичар од Федерацијата на американски научници, рекол дека без визуелен преглед не постои начин да се утврди дали хардверот и софтверот специфични за офанзивните „Tomahawk“ се инсталирани на локациите во Романија и Полска.



Спонзорирани линкови

Маркетинг