„Кралица“ на попустите: Без Нина во Групер се стопила добивката, најбогатиот Србин ја купи компанијата и си ја вработи

Точка

17/10/2022

20:32

72.874

Големина на фонт

а а а

Од 146 илјади евра добивка во 2020 на 15 илјади евра во 2021 паднал профитот на компанијата Вебспот каде прв човек беше кралицата на попустите Нина Ангеловска.

Српската платформа за онлајн продажба, Ananas.rs, од Payten го откупи 100 % сопствеништвото на компанијата Вебспот, со што стана сопственик на македонските брендови за онлајн купување, Grouper.mk и PaoPao.mk, порталот Пари во соработка со БизнисМрежа.мк провери во каква состојба е компанијата Вебспот. Податоците покажуваат дека работела одлично во време на Нина Ангеловска, но откако во февруари, таа објави дека Групер станува дел од полската групација Asseco SEE, во чии рамки е и Payten, работите тргнале надолу. Така, во 2021 година приходите се намалиле за 17,5 % во однос на 2020 година, расходите се зголемиле за 22,3 %, а добивката се „стопила“ за дури 89,7 %! Со вакви финансиски резултати не е ни чудо што Нина Ангеловска стана дел од српската Ананас, која е основана од Делта холдинг – компанија во сопственост на најбогатиот српски бизнисмен, Мирослав Мишковиќ.

На 16 февруари минатата година, Ангеловска објави дека Групер станува дел од полската групација Asseco SEE. Еве какви резултати остварила лани компанијата Вебспот.


Претходно, Пари објави какви добивки остварила Ангеловска во последните шест години од работењето на Групер, пред да стане дел од полската групација. Податоците покажаа импозантна добивка од 545.000 евра! Прочитајте на: https://pari.com.mk/kolku-pari-svrte-nina-so-gruper/.


Целосниот текст прочитајте го на следниот ЛИНК.



Спонзорирани линкови

Маркетинг