Новиот извештај за состојбата на планетата на Светската фондација за природа (WWF) открива нагло опаѓање на популацијата на диви животни за речиси 70 проценти во последните 50 години.
Индексот за живот на планетата кој го составило Лондонското зоолошко друштво во рамките на извештајот кој е објавен денеска, покажал забрзан пад на повеќе од 5.000 видови цицачи, птици, водоземци, влекачи и риби ширум светот, а во нашиот регион се намалува популацијата на слатководни риби, во главно поради изградба на хидроелектрани, изјавил Горан Секулиќ, програмски соработник на „WWF Adria“.
Тој на денешната прес-конференција во природниот музеј рекол дека иако во Европа се бележи најмала стапка на пад на популацијата на диви животни, дека многу видови во моментот кога се започнати мерењата веќе претрпеле големи загуби.
Посебно е погодена популацијата на диви животни во Јужна Америка која за пет децении паднала за 94 проценти, а во Европа за 18 проценти, што на глобално ниво сочинува пад на популацијата од 69 проценти, според извештајот на „WWF“.
Во извештајот за состојбата на планетата е утврдено дека главните фактори за намалување на бројот на диви животни се уништувањето на природните живеалишта поради развој на земјоделието, загадувањето, климатските промени, воведување на инвазивни видови, болести.
Генералниот директор „WWF“, Марко Ламбертини изјавил дека резултатите се загрижувачки и ја повикал јавноста, лидерите и големите корпорации да ги променат своите штетни навики пред ланецот на исхрана да се урне.
Светските лидери ќе се состанат во Монтреал во декември на 15-тата конференција на потписниците на Конвенцијата за биолошка разноликост, а по тој повод авторите на извештајот апелираат да се направи нов договор за заштита на природата кој ќе биде како Парискиот договор за климатските промени од 2015-та година.
Со тој договор лидерите би се обврзале дека ќе го сопрат губењето на биодиверзитетот и до 2030-та година ќе обезбеди свет сконцентриран кон зачувување на природата, пренесува „Tanjug“.