„Пари“ анализира: Петте најголеми винарници „свртеле“ 52,7 милиони евра, а тоа им донело профит од 3,9 милиони евра

Точка

12/10/2022

19:40

67.877

Големина на фонт

а а а

Лозарите и винарниците почнуваат да испишуваат уште една винска приказна од Македонија. Бербата на грозје привршува, а винарниците веќе прават грозје од овогодишната берба.

И годинава се судрија интересите на производителите на вино и лозарите. Лозарите велат дека се недоволно платени, апелираа дека е неисплатливо да се одржуваат насади во услови кога еден килограм грозје се плаќа колку една кеса за пазарење во маркетите. Производителите на вино, пак, велат дека плаќаат најмногу што можат и дека на различни начини го помагаат развојот на лозарството.

Порталот Пари, како и секогаш, ги анализира податоците на компаниите кои се во жариштето на настаните. Овој пат, тоа се големите винарници кои се пресудни и за развојот на лозарството во Македонија и за девизниот прилив, со оглед на тоа дека лозарството е втора извозна гранка во земјоделието – веднаш зад тутунот. Со извоз вреден 61,4 милиони долари, Македонија во 2021 година е позиционирана како 29. најголем извозник на вино во светот и втор најголем извозник во регионот. Притоа, петте најголеми винарници, според податоците од платформата Бизнис мрежа, направиле промет вреден 52,7 милиони евра, а тоа им донело профит од над 3,9 милиони евра.

Топ 5 винарници по приход


(во евра), Извор на податоци: БизнисМрежа.Мк

Очекувано, податоците покажуваат дека најголем приход прави винарската визба Тиквеш. Овој производител, главно на вино, но произведува и ракија, лани направил вкупен промет од 32,4 милиони евра, и тоа е значителен скок од 2020 година, кога имал приход од 25,3 милиони евра.

Растот на приходите во 2021 година во однос на 2020 година, е „природна состојба“ затоа што во 2020 година беа најголемите пандемиски карантини, додека во 2021 година имавме враќање на рестораните, прославите… Така и винаријата Стоби го зголемила приходот од 4,8 милиони евра во 2020 година на 5,8 милиони евра во 2021 година.

Но компаниите кои се на третото и на четвртото место по приходи во 2021 година ‒ Риго импекс и Имако вино, имаа намалување на прометот во 2021 година. Така, приходот на Риго импекс се намалил од 5,7 милиони евра во 2021 година на 5,6 милиони евра во 2020 година, а на Имако вино од 5,3 милиони евра на 4,8 милиони евра.

Последен од првата петорка по приходи е штипски Езимит, каде приходите во 2020 година биле 3,6 милиони евра, а во 2021 изнесувале 4,1 милиони евра.

Целосниот текст прочитајте го на следниот ЛИНК.



Спонзорирани линкови

Маркетинг