Сончево со температури до 26 степени

Макфакс

09/10/2022

10:31

1.353

Големина на фонт

а а а

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност која ќе биде поголема во западните делови. Наутро понекаде во котлините ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој вдолж пошироко Повардарие краткотрајно ќе засилува.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9, а максималната ќе достигне од 21 до 26 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 24 степени.

До утре времето ќе се задржи стабилно со ниски утрински и релативно високи дневни температури. Денеска понекаде во котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Од ноќта кон вторник од запад со зголемента облачност ќе се прошират врнежи од дожд и потоа ќе преовладува врнежливо време, а утринските температури малку ќе се покачат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг