Кога телото ќе стане отпорно на инсулин, тоа се обидува да се избори така што произведува сè повеќе инсулин, што со текот на времето може да доведе до појава на инсулинска резистенција. Оваа состојба може да се регулира со помош на исхраната.
Симптоми што укажуваат на инсулинска резистенција се:
- умор
- глад
- слаба концентрација
- зголемена телесна тежина, особено во пределот на стомакот
- покачен крвен притисок
- високо ниво на холестерол
Ако инсулинската резистенција се развие во предијабетес или дијабетес тип 2, симптомите ќе вклучуваат покачено ниво на глукоза во крвта и повеќе класични симптоми на дијабетес тип 2.
Прилично е лесно да се намали инсулинската резистенција, а интересно е што оваа состојба може комплетно да исчезне со промена на стилот на живот.
Што треба да јадете ако имате инсулинска резистенција?
Свежи намирници
Одберете ја вистинската храна со низок гликемиски индекс, вклучувајќи свеж зеленчук, овошје, мешунки, житарки без глутен, јаткасти плодови, семиња и висококвалитетни животински протеини.
Исфрлете ги сите вештачки засладувачи
Вештачките засладувачи можат да го подигнат нивото на инсулин и да придонесат за инсулинска резистенција. Природни засладувачи што можете да ги консумирате во умерени количини се стевија, ксилитол, еритритол.
Јадете што повеќе храна која делува антивоспалително
Таква храна е риба, свежо мелено ленено семе и рибино масло, сладок компир, лиснат зеленчук, туршија, кисела зелка.
Јадете што повеќе јаткасти плодови и семиња
Ореви, бадеми, лешници, семиња (сусам, лен, ким)...
Никако не смеете да јадете:
- намирници од тесто
- бело брашно во било кој облик
- избегнувајте млечни производи, освен јогурт и кефир
- слатки од сите видови: сладолед, колач, чоколади, џемови
- тестенини и бел ориз
- компир
- варен морков и цвекло, но може да ги јадете свежи
- колбаси и сувомеснати производи
- похувана храна
Мени за лица со инсулинска резистенција:
Оброк салата
Зелена салата со варено пилешко или мисиркино месо, шака ореви и балсамико оцет.
Зеленчук на скара со риба
Тиквички и риба на скара.
Готвени јадења
- грав
- зелка
- спанаќ и блитва
- боранија
- печен домат
- печени пиперки
Вежбајте
Вежбањето може да биде најмоќниот лек за регулација на шеќерот во крвта. Физичките вежби им помагаат на клетките да станат почувствителни на инсулин.
Кога станува збор за вежбањето, времето претставува голема пречка за многу луѓе. Затоа, се препорачува интервален тренинг со висок интензитет (HIIT), кој може да го практикувате само неколку минути дневно.
Комбинирањето кардиотренинг со тренинг со тегови е најефективниот начин за нормализирање на нивоата на шеќерот во крвта и инсулинот.