Американската раперка изненади со необичниот изглед на Модната недела во Париз: Лицето, вратот и торзото ги прекрила со златна боја

Точка

07/10/2022

16:04

7.408

Големина на фонт

а а а

Американската раперка Доџа Кет често ја изненадува јавноста со својот впечатлив стил, а неодамна го направи истото.

Доџа се појавила на Модната недела во Париз, покажувајќи едно од своите највпечатливи изданија. Наместо вообичаената шминка, раперката одлучила лицето, вратот и горниот дел од торзото комплетно да ги прекрие со златна боја, поради што секако не поминала незабележано.


Нејзиниот храбар изглед веднаш се нашол во центарот на вниманието, а многумина го прокоментирале и на социјалните мрежи. Додека поединечни корисници ја пофалиле работата на висажистката Лорел Чарлстон која стои зад изгледот на пејачката, на многумина не им се допаднал.

Некои истакнале во коментари дека бојата е чудна и дека раперката изгледа „како статуа“, па дури и уморно и болно.


Меѓутоа, Доџа дала до знаење дека таа е задоволна со својот изглед. Набрзо и сама одговорила на критиките, велејќи дека не целела на „атрактивен изглед“.

„Не се обидував да изгледам секси или привлечно. Секоја моја шминка има своја приказна и нема апсолутно никакви правила. А дури и да постојат, истите не би ги одредувала публиката“, остро возвратила таа.

Доџа го надополнила изгледот со соодветен златен маникир, карирано одело и капут со крзнени детали.




Спонзорирани линкови

Маркетинг