Западот не планира да ја вклучи Русија во истрагата за саботажа на Северен тек! Кремљ: Тоа е јасен показател дека нешто кријат

Точка

06/10/2022

23:00

2.096

Големина на фонт

а а а

Русија преку дипломатски канали е известена дека не постојат планови Москва да се вклучи во истрагата за инцидентот на гасоводите Северен тек 1 и 2, рекол денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој рекол дека е невозможно истрагата да биде спроведена без учество на Москва, пренесува „Reuters“.

Исто така, претставничката за медиуми на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова оценила дела, ако Москва и Гаспром бидат исклучени од истрагата, тоа значи дека Западот нешто крие, пренесува „Tass“.


„Ни адвокати, ни инженери, ни финансиери или јавни личности не можат да замислат како таквата истрага може да се случи без страната која е сопственик во сето тоа. Но излегува дека може, бидејќи еден број земји членки на Советот за безбедност на ОН велат дека, не само што нема да ја повикаат Русија, туку нема да дозволат ни да учествува во истрагите“, рекла Захарова.

Според нејзините зборови, тоа кажува дека Западот има нешто да скрие.


„Да не му се дозволи на сопственикот – а руската страна е сопственик на опремата, инфраструктурата, самиот производ кој се пумпа преку гасоводот – да не биде дел од истрагата, тоа значи дека нешто се крие од него. Тоа не е прв пат Западот да прави нешто такво“, вели таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг