Шок во Тотенхем: Блискиот соработник на Конте ненадејно почина

Дерби

06/10/2022

12:30

3.099

Големина на фонт

а а а

Тотенхем имаше исцрпувачки летни подготовки и ѕвезди како Кејн и Сон колабираа на еден од тренинзите како резултат на напорната физичка работа, која всушност беше осмислена од блискиот соработник на Антонио Конте.

За жал, Тотенхем денеска пренесе една многу жална вест токму за човекот кој беше одговорен за физичката подготвеност и кондицијата на играчите, бидејќи фитнес тренерот ЏанПјеро Вентроне ненадејно починал на 62 години.

По кратка и ненајавена болест, блискиот соработник на Конте утрово починал во својот дом, па оваа вест го зави во црно цело семејство на клубот од Северен Лондон, но и италијанската јавност.

Вентроне беше познат во јавноста по прекарот „Маринец“ поради незаборавната етапа која ја имаше како кондициски тренер на Јувентус во ерата на Марчело Липи, но последно беше омилен и меѓу ѕвездите на Тотенхем кои беа максимално благодарни за вложениот труд од страна на искусниот Италијанец.

– Уништени сме што мора да ја објавиме веста за смртта на фитнес тренерот ЏанПјеро Вентроне. Тој многу ќе му надостасува на клубот, сите наши мисли се со неговото семејство и пријателите во овој неверојатно тажен момент.



Спонзорирани линкови

Маркетинг