(Видео) „Apple Watch Series 7“ експлодирал, сопственикот завршил во болница

Точка

06/10/2022

12:02

13.361

Големина на фонт

а а а

„Apple Watch“ го пратил својот сопственик во болница. Часовниците на „Apple“ го следат вашето здравје, но овој пат ситуацијата била малку поинаква. Наместо поради забрзан пулс, сопственикот на „Apple Watch 7“ часовникот заминал во болница бидејќи часовникот му експлодирал.

Корисникот кој својот проблем го пријавил на сајтот „9to5Mac“ објаснил дека прво почувствувал дека часовникот станува потопол од инаку. Гледајќи ја позадината на часовникот, забележал дека е малку пукната, а на дисплејот се појавило предупредување дека температурата на часовникот е превисока и мора да се исклучи да за се излади. После тоа тој се јавил во „Apple Support“ каде бил поврзан со менаџерот кој му кажал да не го допира часовникот додека не му се јави некој од „Apple“.

Наредното утро ситуацијата била уште полоша. Часовникот бил уште потопол, што довело до пукање на екранот. Сопственикот на часовникот тогаш го кренал уредот за да направи неколку фотографии за „Apple“ и слушнал пукање. Се обидел да го фрли низ прозор кога уредот експлодирал, оставајќи траги од изгореници на неговиот кауч.


Сопственикот на часовникот бил загрижен поради можност за труење со олово, па истрчал во болница иако часовникот не содржи доволно олово за да ве отруе. Откако бил пуштен дома, тој уште еднаш го контактирал „Apple“ и му било кажано дека неговиот проблем е главен приоритет и дека ќе му се јават до понеделник. Меѓутоа, никој не му се јавил до вчера (среда).

„Apple“ организирал преземање на часовникот за да може да се истражи во лабораторија, но барале сопственикот да потпише документ кој од него би барал да не зборува со никој за инцидентот. Со оглед на интервјуто кое го дал за „9to5Mac“, веројатно одбил да го потпише документот.

Приложеното видео е ограничено на тие постари од 18 години, па потребно е да имате профил на ЈуТјуб за да го погледнете.



Спонзорирани линкови

Маркетинг