(Видео) Хорор на Тајланд: Поранешен полицаец пукал во детска градинка! 31 убиен, меѓу жртвите и деца

Точка

06/10/2022

10:25

3.062

Големина на фонт

а а а

Полицијата вели дека меѓу жртвите има и деца и возрасни. Мотивот за нападот е нејасен.

Најмалку 31 лице било убиено кога поранешен полицаец отворил оган во детска градинка на Тајланд, соопштила полицијата.

Според локалните медиуми, напаѓачот ги убил и својата сопруга и дете, по што извршил самоубиство.

Нападот се случил во градот Нонг Буа Лам Фу, на североистокот на земјата.

Полицијата вели дека меѓу жртвите има и деца и возрасни. Мотивот за нападот е нејасен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг