Почна академската година – медицината најпопуларна, македонскиот јазик со најмалку студенти

Точка

05/10/2022

11:50

3.254

Големина на фонт

а а а

За над 1400 бруцоши почна академската година на штипскиот универзитет “Гоце Делчев“. Освен од државава, се поголем е интересот и на студенти од Турција и останатите соседни држави. Бруцошите не ги криеја своите впечатоци.

“Го одбрав штипскиот универзитет бидејќи е еден од подобрите. Очекувам многу знаења и пријателства“, изјави Ивана Велкова, бруцош.

И годинава најголем интерес има за Факултетот за медицински науки, особено за програмата што се одвива на англиски јазик. Техничките факултети и изучувањето на мајчиниот јазик и понатаму не се доволно атрактивни за идните студенти.


“Повеќе од потребно е во овие тешки времиња да имаме кадар по македонски јазик, бидејќи сите знаеме каква е ситуацијата. Ако не си го зачуваме јазикот , нема да си ја зачуваме својата нација“, вели Маријана Николова, дипломец на Филолошки факултет, на насоката Македонски јазик.

Наставната програма ќе се одвива со физичко присуство, единствено студентите на Факултетот за медицински науки наставата ќе ја следат он лајн.


“Во најголем дел на Факултетот за медицински науки, само аудитивните предавање ќе се одвиваат со он лајн алатка, додека вежбите ќе бидат со физичко присуство“, изјави проф.д-р Дејан Мираковски-ректор на УГД-Штип

На штипскиот универзитет во моментот студираат околу 7000 студенти.




Спонзорирани линкови

Маркетинг