150 казни за брзо возење

Макфакс

05/10/2022

11:46

787

Големина на фонт

а а а

Во текот на вчерашниот ден (04.10.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 150 возачи.

Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволенота брзина.

Притоа, 52 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 98 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг