(Фото) Снимки од чудна светлина над руските градови, се шират разни теории за ласерско оружје

Точка

05/10/2022

10:32

7.140

Големина на фонт

а а а

На почетокот на инвазијата на Украина, Русите тврделе дека Пересвет, новото ласерско оружје, е веќе во употреба. Од Пентагон велат дека нема докази за тоа. Руските тврдења ги исмеал тогаш Зеленски и ги споредил Русите со нацисти.

Во вторникот навечер жителите на Москва, Омск и Белогород пријавиле дека гледаат чудна светлина која е забележана и во Мурманск, каде е седиштето на Северната флота и каде се наоѓаат подморнички бази со нуклеарни подморници.

Снимките од необична светлина над руските градови се рашириле на социјалните мрежи.

Руската војска засега молчи.

Како што тврдат некои аналитичари, светлината можеби е последица од пречките кон извидничките сателити и дронови кои Украинците ги користат во одбрана против руската агресија.

Рускиот новинар Дмитриј Смирнов е уверен дека тоа е ново руско оружје.

„Путин го лансираше ласерското оружје Пересвет. Некои експерти велат дека овој состав создава ефект на „светлосен ѕид“ во топосферата и така ја попречува работата на оптичките состави“, напишал новинарот на Телеграм.

Што е Пересвет?

Дали навистина станува збор за ласерско оружје за кое Русија тврди дека веќе го има во активна служба? Пересвет е ласерски состав кој е наменет за борба против сателити и дронови, пишува на „Wikipedia“ каде стои и дека тоа е едно од шесте нови стратешки оружја кои Путин ги открил во 2018-та година. Тогаш изјавил дека тоа оружје ќе го воведе во употреба пред крајот на 2019-та. Воениот експерт Игор Коротченко рекол дека Пересвет може да се користи против беспилотни летала и може да ги заслепи непријателските сателити.

Русија: Го користиме тоа оружје; САД: Нема докази

На почетокот на инвазијата на Украина Русите тврдеа дека Пересвет е веќе во употреба. Заменик министерот Јуриј Борисов изјави дека Пересвет за пет секунди ја заслепува метата и потоа ја уништува со нова генерација ласерски оружја.

Пентагон тврди дека нема докази дека Пересвет е воопшто активен. Володимир Зеленски тогаш ги исмеал руските тврдења и рекол дека пропагандата може да се спореди со нацистичкиот мит од Втората светска војна.

Нацистичката пропаганда тогаш заплашувала со арсенал супероружја, но повеќето од нив останале само прототипови и не дошле ни блиску до бојното поле.



Спонзорирани линкови

Маркетинг