За рускиот нуклеарен удар се огласи и Белата куќа: Вашингтон внимателно ја следи состојбата, еве што вели НАТО!

Точка

04/10/2022

22:10

2.714

Големина на фонт

а а а

САД немаат индикации дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје, изјави портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.

Путин ја ескалира седуммесечната војна во Украина со воена мобилизација и предупредувања за употреба на нуклеарно оружје, пренесува Радио Слободна Европа.

„Ние овде многу сериозно го сфаќаме секое нуклеарно оружје или заканата од негова употреба, но сакам да кажам дека не видовме никаква причина да ја прилагодиме нашата сопствена стратешка нуклеарна положба, ниту пак имаме индикации дека Русија се подготвува да користи нуклеарно оружје “, им рекла Жан-Пјер на новинарите.


Во исто време, официјален претставник на НАТО објави дека НАТО не забележал никакви промени во нуклеарната положба на Русија.

„Не видовме никакви промени во нуклеарната позиција на Русија, но НАТО и сојузниците остануваат будни“, рекол функционер, кој одбил да биде именуван.

Во минатонеделното обраќање до нацијата, Путин рече дека неговата земја има „различни оружја“ и дека „ќе ги искористи сите расположливи средства што ѝ се на располагање“, додавајќи дека „ова не е блеф“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг