Без брашно или кори: Рецепт за домашна пита со сирење која лесно и брзо се прави

Точка

04/10/2022

21:00

15.153

Големина на фонт

а а а

Вака подготвено печиво сè уште не сте пробале, а е поздрава опција од пита направена од брашно и кори.

Доколку сакате да се почастите со богата и сластна пита со сирење, но ве гризе совест при самата помисла на пекарското брашно или пекарските кори, задолжително пробајте ја оваа варијанта.

Вистина е, за неа ви е потребен маргарин и кашкавал, но секако дека е подобра опција од класичната пита.

Состојки:

- 4 јајца;

- 70 грама маргарин;

- 2 топени сирења;

- 120 грама кашкавал;

- 50 грама рендано сирење;

- 1 лажица прашок за печиво;

- сол по вкус (во зависност од тоа колку е солено сирењето).


Подготовка:

Изматете ги јајцата, па додадете им стопен маргарин, рендан кашкавал и рендано сирење. Додадете го и топеното сирење, па измешајте ја смесата.

Потоа додадете го прашокот за печиво, добро измешајте повторно, па прелијте ја смесата во подлабок плех за печење кој претходно сте го намачкале со масло за јадење или пак сте ставиле хартија за печење.

Печете најмалку 25 минути во рерна која претходно сте ја загреале на 180 степени Целзиусови.

На здравје!



Спонзорирани линкови

Маркетинг