Пред неколку денови македонскиот селектор, Кирил Лазаров го објави поширокиот список за дуелите со Луксембург и Турција за квалификациите за Европското првенство, листа која денеска беше скратена и од 35 ракометари на полседниот список се 21 играч.
Лазаров се одлучи главниот фокус да биде на домашните сили, односно имаме само три интернационалци и тоа Никола Митревски од Порто, Филип Кузмановски од Хановер и кружниот напаѓач Костадин Петров од Акурејри.
Мечевите со Луксембург и Турција се закажани за 12 и 16 октомври, првиот собир пак националниот тим ќе го има на 9 септември во 14.00 часот со Хотел Александар Палас во Скопје.