Самиот факт што денеска само 500-тини семејства се разбудија со топли радијатори е доволен доказ дека работата не е сјајна, би рекол е катастрофална работата. Цениме дека како ВМРО-ДПМНЕ во овие тешки моменти треба да се помогне.
Тоа го правиме, веќе две недели разговаравме и со коморите, разговаравме и со бизнисот, нормално секојдневно комуницираме со граѓаните. Побаравме и официјални средби, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред средбата со премиерот Димитар Ковачевски.
„ Конечно не знам дали беше од суета или од други причини, вчера добивме потврден одговор од страна на Ковачевски дека ќе најде време да нè прими, да ги слушне нашите предлози, нашиот концепт кој не се однесува само за оваа есен и зима туку и за следната година.
Така што цениме дека во овие тешки моменти потребно е да помогнеме на граѓаните и на Македонија и тоа е момент кога треба да покажеме државност, а не да собираме политички поени“, рече Мицкоски.