Ретки се оние кои не ја обожуваат оваа намирница, па затоа крокетите од компири се одлична опција за вечера.
Се подготвуваат неверојатно лесно, а потребни ви се само неколку состојки кои сигурно веќе ги имате во својата кујна.
- 4 поголеми компири
- 2 поголеми моркови
- 2 лажици мајонез
- 150 гр. шунка исечена на листови
- 2 лажици балсамико оцет
- 1 лажичка мед
- малку ким и сусам (опционално)
- сол и црн бибер
Сварете ги и изгмечете ги компирите. Додајте ги сварените моркови, исечкани на коцки, зачинете по вкус и додајте го мајонезот, а потоа добро измешајте за да добиете компактна смеса.
Од смесата обликувајте крокети со дебелина од околу 7 центиметри, а потоа секој од нив свиткајте го во едно парче шунка. Вака подготвените крокети ставете ги на тава обложена со хартија и печете 10-тина минути на 180 Целзиусови степени, додека не добијат крцкава кора.
За тоа време направете прелив од балсамико оцет, мед и малку вода. Кога крокетите ќе бидат готови, прелијте ги со сосот од балсамико и по желба одозгора наросете со малку сусам и ким.