Бенитез се враќа во Премиер лигата

Дерби

04/10/2022

12:46

1.767

Големина на фонт

а а а

Рафаел Бенитез не успеа да донесе позитивен ефект во Евертон, а сега ќе се обиде тоа да го направи во друг член на Премиер лигата.

Шпанскиот стручњак наскоро ќе биде промовиран како нов менаџер на Нотингем Форест и главна цел ќе му биде да обезбеди опстанок за актуелниот фенерџија, кој по долго време се врати во елитата.

Нотингем вчера загуби со убедливи 4:0 од Лестер, кој исто така е во голема резултатска криза и раководството веќе решило да му даде отказ на менаџерот Стив Купер.

Летово во Нотингем стигнаа дури 22 нови фудбалери, но тоа очигледно не беше успешен рецепт за остварување на примарната цел, а тоа е опстанок во Премиер лигата.

Бенитез ќе треба да направи целосен пресврт во игрите на екипата која досега освои само 4 бода.



Спонзорирани линкови

Маркетинг