Еден крој за сите типови градба: „Valentino“ покажа дека елеганцијата и класиката немаат алтернатива

Точка

04/10/2022

10:04

8.244

Големина на фонт

а а а

На Модната недела во Париз, брендот „Valentino“ ја претстави новата колекција за пролет 2023 година, нудејќи нѝ еластични материјали и флексибилни кроеви кои лесно се приспособуваат на различни облици на тело.

Креативниот директор Пјерпаоло Пичоли уште еднаш ја акцентираше важноста на инклузивноста, односно прифаќањето на различностите кога станува збор за бојата на кожа и величините кои жените ги носат.

Пичоли истакнал дека со оваа колекција сакал да се врати на основните работи во женскиот гардеробер, но на нов начин, па така можевме да видиме црни фустани и женски одела, но во нешто поинакви, помодерни кроеви.

„Чувствувам како модата да е понекогаш премногу ексклузивна. Сметам дека идејата за универзално парче како бела кошула е поинтересна, посовремена за секого“, додал креативниот директор.




Спонзорирани линкови

Маркетинг