McDonald's од денеска продава „Среќни оброци“ – во нив има и играчки

Точка

03/10/2022

16:03

8.004

Големина на фонт

а а а

Мекдоналдс денеска почнува да продава „Среќни оброци“ за возрасни, во кои ќе има и играчки.

Овој лимитиран пакет може да се купи во Соединетите Американски Држави. Доколку интересот е голем, потоа ќе се прошири на пазарот низ целиот свет.

На една страница играчките се продаваат за дури сто долари. Постојат четири типа на играчки, т.е. фигури по име Grimace, Hamburglar, Birdie и Cactus Buddy.


Тарик Хасан, шеф на маркетингот на McDonald's, рекол:

„Среќниот оброк е еден од нашите најстари производи во асортиманот. Сега го приспособивме за нашите постари клиенти. Можам дури и да го наречам уникатно „уметничко дело“ кое има големо значење во американската култура“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг