Автомобили и пешак учествуваа во сообраќајка на паркинг во Карпош

Макфакс

02/10/2022

16:30

2.382

Големина на фонт

а а а

Вчера на паркинг пред маркет на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов се случила сообраќајна незгода во која учествувале автомобил со дипломатски регистарски ознаки, управуван од И.И.(50) од Украина, автомобил со скопски регистарски ознаки управуван од Б.Ѓ.(35) од Скопје и пешакот Д.А.(63) од Скопје.

Во незгодата со повреди се здобила Д.А. констатирани од лекар во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Скопје.




Спонзорирани линкови

Маркетинг