(Видео) Над 120 мртви во фудбалско стампедо во Индонезија

Макфакс

02/10/2022

10:42

2.959

Големина на фонт

а а а

Паниката која настана на фудбалски меч во Индонезија откако полицијата пушти солзавец за да ја спречи тепачката меѓу две навивачки групи, придонесе до стампедо во кое загинаа 129 луѓе, потврди локалната полиција.

На мечот од Индонезиската Премиерлига во градот на островот Јава Маланг, помеѓу Арема Маланг и Персебаја Сурабаја почнале неколку тепачки на стадионот „Канџурухан“ откако домашниот тим загуби со 2:3, по што полицијата користела солзавец, кој пак, предизвикал паника, потврди шефот на полицијата, Нико Афинта.

Стотина луѓе се упатиле кон излезите од стадионот и дел од нив се задушиле во хаосот, додека други биле прегазени. Повеќе од 300 луѓе завршле во болница, а се очекува бројката на мртви да порасне откако 160 навивачи се во критична состојба.



Спонзорирани линкови

Маркетинг