Ќе ви го загрее стомакот: Есенски потаж од карфиол - рецепт кој ќе стане задолжителен во вашето домашно мени

Точка

30/09/2022

18:17

12.310

Големина на фонт

а а а

Студеното време полека се наближува, што значи дека сезоната на потаж конечно започна.

Состојки:

- половина главица карфиол со средна големина;
- 1 грст прокељ;
- 2 компири;
- половина кромид;
- 2 лажици неутрална павлака;
- 1 мало парче путер;
- 4 јајца (по избор);
- 2 лажици масло од тиква;
- 1 лажица маслиново масло;
- зачини по вкус.

Подготовка:

Карфиолот и прокељот измијте ги, исчистете ги и исечете ги на мали парчиња. Излупете ги компирите и исечете ги на парчиња.


На маслиново масло пропржете го кромидот (една лажица), па додајте ги карфиолот, компирот и прокељот. Потоа, постепено додавајте околу 1 литар вода. Кога ќе зоврие, оставете ја супата да се готви на умерен оган околу 10 минути, додека зеленчукот не омекне.

Ако користите јајца, подгответе поширани јајца.

Кога ќе се подготват сите состојки изматете ги. Потоа измешајте ги путерот, неутрална павлака и зачините по вкус. Сето тоа добро измешајте го, а ако манџата не е доволно кремаста, додадете уште малку неутрална павлака.

Во чинијата (по желба) прво ставете ги пошираните јајца, а потоа полека сипете го потажот. Прелијте со масло од тиква и послужете.




Спонзорирани линкови

Маркетинг