Премиер лига: Најдобрите во септември доаѓаат од Манчестер јунајтед

Макфакс

30/09/2022

16:26

2.916

Големина на фонт

а а а

Премиер лигата ги прогласи менаџерот и напаѓачот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг и Маркус Рашфорд за најдобри во месец септември.

Манчестер јунајтед во септември одигра само два меча поради репрезентативната пауза, но ги доби и двата.

Во натпреварот од петтото коло минимално го победи Лестер, додека во наредното коло во дербито победи против Арсенал со 3:1.

Рашфорд на овие два меча постигна два гола и запиша две асистенции, што е убедливо најдобар индивидуален учинок во лигата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг