(Видео) Предлог ручек за денеска: Мек компир со крцкава сланина од рерна

Точка

30/09/2022

15:34

11.597

Големина на фонт

а а а

Компирот од рерна е многу благородно јадење бидејќи заситува и сите го обожуваат, од најмладите до најстарите членови на семејството.

Потребни состојки:

- 1,5 килограми исчистени компири
- 2-3 главици кромид
- 250-300 гр. исечкана сланина
- 1 крем супа од печурки
- 100 мл. топла вода
- 600 мл. млеко
- 100 гр. путер или маргарин

Начин на подготовка:

Исчистете го и исечкајте го компирот на тенки крукчиња. Завиткајте го во крпа за да се впие вишокот вода.

Сланината исечкајте ја на ситни парчиња, а потоа и кромидот. Ставете ја тавата за печење кратко во рерна, а потоа извадете ја и во неа ставете неколку парчиња путер.

Додајте ги компирите. Одозгора ставете уште малку путер и ставете ги во рерна на половина час да се печат.

Измешајте ги компирите, а потоа врз нив ставете го кромидот врз кој ќе ставите сув зачин, бибер и малку сол. Одозгора додајте ја и сланината.

Во малку вода разматете ја крем супата, измешајте и додајте млеко, а потоа прелијте ја врз компирите.

Ставете ја тавата во рерна да се пече, половина час на 200 Целзиусови степени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг