Пелистер го „украде“ главниот плејмејкер на ТФТ

Дерби

30/09/2022

13:21

9.176

Големина на фонт

а а а

Македонскиот вицешампион Пелистер доведе уште едно ново име за престојнава сезона и тоа засилување од редовите на ТФТ Скопје.

Клубот од Битола успеа да го „украде“ американскиот плејмејкер Донован Доналдсон кој за клубот од Тафталиџе одигра само два натпревари. Првиот беше во квалификациите за Лигата на шампионите против Кемниц каде за 36 минути даде само 7 поени со 4 асистенции и 4 загубени топки, додека пред неколку дена уфрли 12 кошеви и 2 асистенции против МЗТ во Супер Купот на Македонија.

На Доналдсон ова ќе му биде трет тим во Македонија со оглед на тоа што претходно беше дел од Гостивар.

Пелистер направи многу измени во играчкиот ростер за кампањата 2022/2023 каде како новајлии се уште Хаџифејзовиќ, Мустафица, Сапунџиев, Јовановски, Ристовски, Двојаковски, Карутерс и Овенс.