Град во кој е забрането да имате мачка и да умрете, понекогаш нема ни сонце

Точка

30/09/2022

13:20

24.020

Големина на фонт

а а а

Ако сте авантуристи во потрага по студени и необични места, можеби ќе сакате да го посетите еден од најсеверните градови на светот, каде околу 2000 жители живеат во екстремни услови, во близина на поларни мечки.

Лонгјербјен се наоѓа на норвешките острови Свалбард во Северниот леден океан, на островот Шпицберген, а поради својата положба и занимливости спаѓа помеѓу најпосакуваните норвешки туристички дестинации.

Место на кое се забранети мачките

Иако звучи чудно, мачките се забранети на Свалбард, и тоа од еколошки причини.

Имено, за да се заштити локалната фауна, односно животот на локалните птици кои живеат во изолиран екосистем и кои онака се во мал број, забрането е чување на овие домашни миленици.


Покрај мачки, забрането е и умирање

Од 1950 година, во ова гратче „не смее да се умре“ односно да се биде погребан. Станува збор за закон кој е донесен откако било откриено дека телата кои биле таму закопани не се распаѓаат. Во арктички услови и екстремен студ, телата остануваат сочувани, а во нив бил пронајден и вирус на шпански грип. Телото во кое „живеело“ споменатиот вирус било закопано во 1918 година, а научниците го откриле случајот во 1998 година.

Оние кои се многу болни и на кои им се приближува крајот, ги превезуваат за да ги поминат своите последни денови во друг дел од Норвешка, а може да се постави и урна на гробиштата во Лонгјербјен.

Потполно без сонце или потполно без темнина

Сонцето во ова гратче, поради својата географска положба, се гледа во малку поинаков распоред. Постојат три главни годишни доба во Свалбард: поларно лето, аурора зима и сончева зима. Во периодот од ноември до февруари нема сонце, но се појавува аурора бореалис.


Сонцето се појавува на почетокот на март, кога во градот се подготвува и Солфестук, прослава во чест токму на овој настан. Оттогаш до мај трае периодот на сончева зима. Од мај до септември е време на поларно лето и т.н. полноќно сонце, што им го отежнува спиењето на оние кои не се навикнати на тоа.

Автомобилот не е главно превозно средство

Со оглед на временските услови и снегот, автомобилот не е најпрактично превозно средство. Скутерите за снег се многу поедноставно решение, особено во зимските месеци. Тие се толку важни што се побројни од жителите.


Просечните летни температури на Свалбард се движат помеѓу 3 и 7 Целзиусови степени, а просечните зимски температури се помеѓу -13 и -20. Највисоката измерена температура досега е 21,3, а најниската -46,3 Целзиусови степени.

До Лонгјербијен може да се стигне со авион од Осло, а летот трае приближно 3 часа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг