Шведска: За инцидентот на гасоводот е одговорна некоја држава

Точка

30/09/2022

18:43

2.668

Големина на фонт

а а а

Протекувањето на делови од гасоводите Северен тек 1 и 2, многу веројатно, е последица од акциите зад кои стои некоја држава, соопштил денеска шведскиот министер за енергетика Кашајар Фарманбар.

„Многу е можно тоа да е направено намерно, а не случајно, и малку е веројатно дека тоа не го направила некоја држава“, рекол Фарманбар пред новинарите пред состанокот на министрите на ЕУ во Брисел.

Тој додал и дека овој инцидент треба да се набљудува од „аспект на моменталната безбедносна ситуација во која се наоѓа Европа“, пренесува „Reuters“.

Шведското обвинителство соопштило вчера дека службата за национална безбедност преземала прелиминарна истрага за оштетувањето на гасоводите Северен тек 1 и 2 во Балтичкото море.

Во соопштението на обвинителството е потврдено дека шведската служба за безбедност ќе води истрага бидејќи, како што се наведува, можно е да станува збор за сериозно злосторство кое, барем делумно, е насочено против шведските национални интереси, а судејќи по се го извршила некоја странска сила, пренесува „Reuters“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг