Полета „Алиса“: Ова е првиот електричен патнички авион на светот

Точка

29/09/2022

11:48

14.519

Големина на фонт

а а а

Првиот светски целосно електричен патнички авион полетал за прв пат и во текот на 8-минутното патување во Вашингтон достигнал висина од 1.000 метри.

По години развој од страна на „Aviation Aircraft“, инаугурациониот лет на авионот со нулта емисија на штетни гасови кој го придвижуваат два електромотори од 640 киловати, минал без проблеми, откако полетал во 7.10 часот наутро по локално време во вторникот од аеродромот Гранд Каунти во Мозис Лејк во Вашингтон, пренесува „Daily Mail“.

Наречен „Алиса“ според книгата на Луис Керол „Алиса во земјата на чудата“, електричниот авион е наменет за патничкиот и карго пазарот и ќе врши летови во распон од 250-400 километри. Поради контекст, стандарден лет од Њујорк до Вашингтон е околу 330 километри.

„Алиса“ ќе биде достапна во три различни конфигурации – патничка кабина за девет патници, кабина за шест патници и еКарго верзија. Сите конфигурации ќе имаат два члена на екипажот. Сите се идентични, освен во внатрешноста.

„Денеска влегуваме во нова ера на авијацијата – успешно го наелектризиравме небото со незаборавниот прв лет на Алиса“, навел во соопштението претседателот и извршен директор на „Aviation“, Грегори Дејвис.

Оваа компанија веќе потпишала договор со „DHL Express“ за 12 еКарго верзии на „Алиса“, додека две регионални авиокомпании, „Cape Air“ и „Global Crossing Airlines“ нарачале 75 односно 50 летала.

„Оваа револуционерна пресвртница ги предводи иновациите во одржливиот воздушен сообраќај и ќе обликува патничките и товарните патувања во иднината“, додал Дејвис.

„Daily Mail“ потсетува дека „Aviation“ пред три години ставил цена од четири милиони долари за авион, но Дејвис не ги прецизирал трошоците.



Спонзорирани линкови

Маркетинг