Трамп: Се смееја на моите предупредувања, ама веќе не се смеат

Макфакс

29/09/2022

15:33

3.793

Големина на фонт

а а а

Саботажата што ги оштети гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ може да доведе до ескалација или дури и војна, предупреди поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Тој на својата социјална мрежа „Truth Social“ напиша дека додека сите зборуваат за големиот ураган што ја погоди Флорида, ситуацијата околу гасоводот може да има посериозни последици.


„Можеби многу поважен настан на долг рок е објавата дека гасоводите „Северен тек 1 и 2“ надвор од Русија се саботирани. Ова може да доведе до голема ескалација или војна“, рече Трамп.

Тој потсети дека за време на неговиот мандат како претседател на САД, тој предупредил колку потпирањето на рускиот гасовод може да и наштети на Германија и другите делови на Европа, пренесе ТАСС.


„Тогаш сите се смееја, но веќе не се смеат“ вели Трамп.

Шведскиот весник „Свенска дагбладет“ денеска објави дека е откриено четврто место на истекување гас на оштетените гасоводи „Северен тек еден и два“.