(Фото) Со години ги крие ќерките, но синоќа конечно се појави со нив: Близначките на Сара Џесика Паркер ја воодушевија јавноста со својот изглед

Точка

28/09/2022

17:48

12.354

Големина на фонт

а а а

Синоќа во Њујорк премиерно бил прикажан филмот „Hocus Pocus 2“ во режија на Ен Флечер, а ѕвезда на настанот била една од главните актерки на култната хорор комедија, Сара Џесика Паркер, која била придружувана од нејзиниот сопруг Метју Бродерик и нивните ќерки.

Сара Џесика Паркер одамна ја доби титулата модна икона, а дали со синоќешното модно издание го наруши својот одличен имиџ? Сo секој детаљ од нејзината облека кажува дека не го нарушила, а тоа може да се забележи и со нејзините розови мокасини, кои ѝ се омилени обувки.


На Сара секогаш го гледаме она што не се гледа често на црвениот тепих, светло виолетовите панталони во комбинација со капут со раскошни детали може да се оценат како исклучително автентичен гламурозен стил.


Близначките Табита и Марион (13), кои порано често ги гледавме со мајка им во јавност, синоќа ѝ дале поддршка на премиерата. Претпоставуваме дека Сара одиграла клучна улога кога станува збор за нивниот стајлинг, како и за координирање на модните избори со тоа што сакаат да носат нејзините ќерки во тинејџерските денови.


Табита се појавила во црн фустан со надуени ракави додека Мерион носела поформална металик тоалета. Кога станува збор за сандалите кои ги носеле, тоа се модели дизајнирани од нивната мајка.


Актерката со сопругот Метју Бродерик, со кого е во брак од 1997 година, го има и синот Џејмс (20).

Филмот „Hocus Pocus 2“ е продолжение на познатиот филм кој дебитираше во 1993 година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг